Модар бургер
Протеински модар бургер со малку јаглехидрати. Погоден е да го конзумирате како закуска на работното место, неколку часа пред попладневниот тренинг.
- 1 црн домат
- 1 домат
- 1 пилешки стек (веге: сејтан)
- зелена салата
- кромид
- магдонос
- зачини по желба
Подготовка
1. Стекот (сејтанот) и исечени кругчиња од модриот домат се печат на тефлонско тавче или на скара (по 5 минути од страна).
2. Се редат… стекот (сејтанот) во средина, се додава доматот (исечен на круг) и малку зелена салата, а од двете страни бургерот се затвора со модриот домат.
3. Одозгора се додава исецкан магдонос со тенки парченца кромид.