Младите кик бокс репрезентативци на мегдан во Полска

Македонската Кик Бокс јуниорско кадетска репрезентација продолжува со активностите на меѓународен план. Mакедонските избраници ќе земат учество на Европското првенство во Круница Здруј, Полска од 16 до 21. 09. 2013 година.

Европското првенство ќe се одвива во поинт фајт, лајт контакт, кик лајт, фул контакт, к1 и лоу кик дисциплините.

Нашите претставници се:

1.Марија Божиновска +70кг. кик лајт и лајт контакт

2.Јовица Ивановски -67кг. кик лајт

3.Љупче Коцев -55кг. лоу кик

4.Елена Стојчевска-60кг. кик лајт и лајт контакт

Стручниот тим го предводaт судијата и селектор Љупчо Стојчевски и тренерите Димче Кичевски и Ѓорѓи Вучков. Со оглед на тоа дека избраниците на Македонската јуниорско кадетска репрезентација се одлично подготвени од ова европско првенство се очекуваат медали и одлично претставување.