Физичката неактивност убива исто колку и пушењето

Сериозни студии потврдуваат дека процентот на смртноста предизвикана од физичка неактивност и пушењето е иста.

Статистиката од 2008 година вели дека физичката неактивност е причина за смрт на 5,3 милиони луѓе. Повеќе од јасни се доказите дека физичката пасивност опасно го нарушува здравјето, но и покрај фрапантните статистички показатели само една третина од возрасната популација на светско ниво ја користи оваа препорака како превентивна мерка.

Светската здравствена организација (СЗО) прави сериозни кампањи за промоција на овие препораки. Таа препорачува неделна умерена физичка активност од 150 минути поделена во пет (5) циклуси или 5 дена по 30 минути активност. Во основа ни најмалку не е битна активноста дали е од спортско рекреативен или физички, работен тип.

Игнорантниот однос или потценувачкиот однос кон вежбањето го зголемува ризикот од 20-30% за срцевите заболувања, дијабетот тип-2 и некои типови на канцер пред се’ на дебелото црево и дојката. Кај веќе заболените во 6-10% физичката неактивност е причина за прерана смрт.

Процентуално физичката неактивност расте со годините на старост и е поголема кај жените (34%) отколку кај мажите (28%).

Повеќе од јасни се препораките на Светската здравствена организација, и колку што се става акцент на бенефитите од вежбање, мора да се става и акцент токму на оваа работа, последиците од немањето на редовна физичка активност.

Ако сметате дека 30 минути дневно физичка активност ви се џабе потрошено време, ви препорачуваме сериозно да размислите во кој правец се движите без да одите.