Кошарка

Oсновни принципи во пасинг гејм нападот

Основните принципи на овој напад и нивното познавање и разбирање од страна на играчите кои го изведуваат е неопходно, бидејќи тоа е единствениот начин играчите да можат да ја препознаат моменталната ситуација на теренот и соодветно на тоа да реагираат. Oсновната филозофија на овој напад се темели на играта “додај и утрчај”.

А. Растојание помеѓу играчите,

Б. Комуникација,
В. Ротација на позициите,
Г. Читање на одбраната.

А. РАСТОЈАНИЕ ПОМЕЃУ ИГРАЧИТЕ– еден од најважните принципи во овој напад претставува запазувањето на раздалеченоста помеѓу играчите во нападот кое треба да изнесува од 4,5 до 6 метри. Играчите за време на играта во нападот треба да се стремат да го одржуваат ова растојание со што би креирале доволно голем простор за втрчување и изведување на индивидуални акции.

Б. РОТАЦИЈА НА ПОЗИЦИИТЕ– најдобар и воедно и најтежок напад за одбраната претставува оној напад во кој играчите и топката се во перманентно движење. Според тоа играчите на теренот мораат постојано да се движат како би дошле во поволна позиција за прием на топката и позиција за постигнување на поени. Меѓутоа движењата мора да имаат одредена цел.

Играчот кој е најблиску до соиграчот кој втрчал во рекетот мора да го потполни неговото место, особено кога втрчува играчот од врвот на рекетот, тогаш крилниот играч кој е најблиску до него, односно се наоѓа на страната на помош одма треба да ја пополни неговата позиција. Од голема важност при овие движења претставува тајмингот на нивното изведување.

В. КОМУНИКАЦИЈА– комуникацијата претставува клуч за успех во било кој вид на офанзивен атак. За да не дојде до дезорганизираност на нападот, комуникацијата е од круцијално значење, особено во овој вид на напад каде што играчите немаат специјални играчки позиции и одговорности (може да се изведе со повикување на име или со одредени гестови).

Г. ЧИТАЊЕ НА ОДБРАНАТА– еден од најважните принципи врз кој се темели оваа офанзивна филозофија претставува читењето на одбраната. Играчите секогаш треба да бидат во можност да ја препознаат намерата на одбраната и да го предвидат нивното движење, и соодветно на тоа движење да реагираат во нападот (искористете го она што ви го нуди одбраната на најдобар можен начин).

Основно позиционирање со пет играчи на надворешните позиции и ротации на играчите во пасинг гејм нападот: