Трудницата која растура на диви води

И покрај тоа што бебето на Емили плива во мирни води, тоа не ја спречува таа да растура во фристајл на дивите, во регионалните кајак тури во САД. А малото е закажано за 19ти јули, па сега видете вие каков тандем се овие двајца.

Емили Џексон се вика младата и идна мајка на која воопшто не и смета нејзиното уште неродено бебе да го носи на професионални компетитивни кајак авантури. И тоа воопшто не ја успорува, туку напротив, тие како тандем растураат на локалните фристајл кајак натпревари.

Во јуни таа се натпреваруваше на GoPro Mountain Games, а од тогаш стандардно патува и се натпреварува учествувајќи на вкупно седум настани од кои на два издвојуваше победа. На последниот настан таа заврши прва на игрите во Ајдахо пред светскиот шампион Клари Охара.