Семафор за да биде јасно
Бидејќи ретко кога се фрла поглед на табелата со нутриционистичките информации на продуктите, новиот начин на означување кој Британците се спремаат да го вметнат се смета дека би можел да направи разлика во изборот на продукти кои завршуваат во вашата кошница.
Министерството за здравство во Велика Британија воведува нов систем за означување на нутриционистичките информации на секој продукт со што се очекува тоа да има позитивен ефект врз изборот кои купувачите ќе го прават.
Инспирацијата дошла од секојдневниот знак кој секојдневно се користи, семафорот а планирано е четирите опасни нутриционистички групи, мастите, заситените масти, солта и шеќерот да бидат посебно означени со црвено, жолто или зелено во зависност од концентрацијата која продуктот ја содржи.
Системот за означување планирано е да се става на предната страна од продуктот со што би било полесно за забележување од страна на купувачите.