Совет плус од Pole People Скопје

Зоната на комфор завршува на шипка

На почетокот се задоволувате со школските вртења, качувања и фигури, но потоа сакате барем еден инверт, кој личи невозможно. Барем еднаш да се превртите наопачки, не мора повеќе, само еднаш да направите и топ сте. Од кога инвертот ќе ви помине во нормална работа, сакате да го пробате оноа едно Владимир Карачунов што го прави на едно видео со напредни трикови … го имате гледано?

Огромен предизвик, создаден од потребата да се има контрола над сопствено тело, надвор од зона на комфор. Координација во простор, сплотеност на движења во една целина, а кога на сето тоа ќе го додадеме и чувството за ритам и движењата ќе бидат изведени на парче музика, ете тогаш, кремата за петици, ќе премине во крема за раце, а задебелувањата на кожата на дланките и на стопалата се мала цена за плаќање во однос на задоволството и количеството на излачен серотонин.

И бонус видео за воодушевување со танцот во двојка на Марион и Едуардо…