Џит Кун До со Д` Стронгест – Центар

Кратко видео претставување за начинот на кој во центарскиот Д Стронгест се вежба боречката вештината креирана од уникатниот Брус Ли.

Џит Кун До клубот The Strongest – Центар е создаден 2009тата година под водство на Бојан Попоски и Аце Брсакоски и во моментов брои околу 40 активни членови. Покрај главната Џит Кун До група во клубот има и посебни групи за ММА – мешани боречки вештини, БЏЏ – Бразилско Џиу Џитцу, како и Кик-Фит Аеробик и курс за самоодбрана на девојки.

Во продолжение нешто повеќе за тренингот претставен во видетото:

  • Стандардно се започнува со малку загревање и раздвижување на телото, а потоа благи истегнувања сè со цел да се избегнат евентуални повреди.
     
  • Првите неколку вежби на овој тренинг се динамични техники Бокс и Кик Бокс каде покрај загревањето на рацете, го загреваме и долниот дел од телото и нозете со конкретни движења и удари.
     
  • Оружјето во Џит Кун До-то не се користат само како средства за борба, туку преку правилно користење се подобруваат многу карактеристики односно атрибути на борецот како брзина, сила, подобра механика и движење на телото, осетливост на окото и мозокот на многу брзи движења и сл.

    На ова видео се претставивме неколку основни техники со стап кои се одлични физички и кардио вежби за зајакнување на целото тело. Стапот во филипинските вештини се нарекува „ескрима” или „кали стап”.
     
  • Во следните вежби е опфатен делот на улична борба со голи раце каде што се избегнуваат елементите „одбрана” и „блок” кој ги има главно во традиционалните вештини, и се прави пресретнување односно таканаречен „влез во противнички напад” што е всушност основниот принцип во Џит Кун До-то.
     
  • Тренингот секогаш завршува со вежби за сила, издржливост и кондиција што е традиција во секој клуб за боречки вештини.