Модар патлиџан здраво наполнет

Овој рецепт брзо се подготвува, а здравствените бенефити и позитивниот фидбек на рецепторите за вкус се загарантирани!

 
  • 2 модри патлиџани
  • пиперки (може и лути)
  • 2 црвени патлиџани
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • мала китка магдонос
  • крупна морска сол и бибер по желба
  • маслиново масло
  • 1/2 литар вода
  • прстофат кафеав шеќер
 

Подготовка

1. Модриот патлиџан убаво се мие. Дршките му се сечат, а потоа се лупи како шара на зебра. 

2. По должина се засекува една страна од модриот патлиџан и се чисти за во неа да се сместат останатите зеленчуци.

3. Се ставаат во ладна вода, малку да постојат за да им излезе горчината, но не и да поцрнат.

4. Потоа се редат со вдлабнатината нагоре во средно длабоко тенџере во кое има 1/2 литар вода.

5. Во тавче лесно пропржуваме сецкан кромид со малку сол, а потоа го додаваме црвениот патлиџан, магдонос, бибер. Се попрскуваат со шеќер за да се карамелизира зеленчукот. 

6. Лесно се мешаат некое време, а потоа се ставаат во модрите патлиџани.

7. Одозгора се буцкаат по две лукчиња и се редат исецканите пиперки и кругчиња кромид.

8. Се варат до 30 минути на тивок оган во затворено тенџере.