Кој топи повеќе во сексот, ние или они?

Како што ги дал господ канаѓаните работливи, а бај д веј на ладното што да праиш, си направиле истражување за да докажат кој повеќе калории согорува за време на сексот, мажите или жените? 

 

Нашиот одговорна на темата беше (На кој му се сака повеќе) но тоа не е баш научен пристап…Па затоа да видиме што добија како резултат канаѓаните.

Истражувачите од универзитетот Квебек во градот Монтреал се нафатија да ни разбистрат еден интересен прашалник и ако може да го стават под извичник затоа што секс си е секс. 

Популацијата врз која е направено истражувањето била на возраст од 18 до 35 години и за да се измери калориската потрошувачка се користени фитнес тракери кој се индивидуализираат по неколку параметри и даваат потрошувачка на енергија за одредена активност кај луѓето. За да се постави стартна линија сите учесници во истражувањето се загревале со 30 минутен џогинг на трака за трчање и после тоа правово кревет каде за време на сексот ги носеле трекерите кој нормално си го покажале резултатот во бројки.

Учесниците биле тестирани во кратки 10 минутни сесии и долги едно часовни сеанси. Резултатите биле секогаш во полза на мажите (муабетот е за горење калории, другата полза не е разработена во студијата). Бројките укажале на просечна потрошувачка од 100 калории кај мажите и 70 кај жените. тоа во временската скала изнесуванекаде околку 4 калори на минута кај мажите и 3 кај жените.

25% одмажите изјавиле дека се чуствуваат изморени на крајот од чинот а додека кај жените само 15%

Она што ги израдувало истаржувачите е фактот дека сексот трошел повеќе од прошетка, сепак нели, повозбудливо е, ем допамин релаксанти и друго. Она што поодамана е познато е дека редовната сексуална активност е одличен стимуланс на имуниот систен, регулира многу појави како високкрвен притисок и го намалува ризикот од срцев удар. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија