3 начини како да го измерите %-от на масно ткиво

Она што претставува проблем за многумина е како да се справат со вишокот килограми кои најчесто се баласт на поткожно масно ткиво, кое пак “удира” во нерв. Решени сте да водите битка, да се храните поздраво, да мрднете од стол и сето тоа да резултира со подобра линија, телесна се разбира. 

Доколку сте на некаков ригорозен режим на исхрана и вежбате редовно со цел да ослабнете,  освен масното ткиво многу е веројатно дека ќе губите и мускулна маса, а тоа нема да ви се допадне (најчесто),  па затоа е потребно сами (не секогаш изводливо) или со консултација на персонален тренер, спортски физиолог или нутриционист да подготвите тренинг и нутри програм а притоа постјано да бидете под некаков тип на мониторинг освено стандардната вага.

Најлесен начин како да бидете сигурни дека го топите вашето сало е да изберете практичен метод како да го одредите процентот на масно ткиво во вашето тело. Следејќи го прогресот многу подетално ќе бидете дополнително мотивирани и сигурни за вашиот прогрес.

Табела 1: Процент на масно тикиво кај мажи и жени по возрасни групи 

Мажи Години     Под Нормално  Нормално Прекумерно    Екстремно
20-40     под 8%     8-19%       19-25%    над 25%
41-60     под 11%   11-22%     22-27%    над 27%
61-79     под 13%   13-25%     25-30%    над 30%
Жени Години     Под Нормално    Нормално Прекумерно    Екстремно
20-40     под 21%    21-33%     33-39%   над 39% 
41-60     под 23%    23-35%     35-40%    над 40%
61-79     под 24%    24-36%     36-42%    над 42%

многу повеќе инфо за процентот на масти во телото 

 

Мерење на процентот на поткожно масно ткиво

#1: Калипер за кожни набори

Оваa метода се состои од мерење на кожни набори на телото со калипер кој ја мери дебелината на наборите во милиметри. Постојат повеќе видови на тестови и калкулатори кој зависат од бројот на измерени набори или од местото на телото каде се мери кожниот набор.

Позитивни страни

  • Прецизен (доколку мерачот е искусен)
  • Практичен
  • Лесно се изведува и повторува

Негативни страни

  • Доколку се мери со тест кој содржи повеќе набори ви е потребен обучен мерач
  • За лица кој имаат многу поголем % на масно ткиво можно е калиперот да не биде во можност да го измери кожниот набор.

.#2: Биоелектрична импеданса

 

Анализите со биоелектрична импеданса се неинвазивна техника за мерење на структурата на меките ткива и нивниот состав : масното и мускулното ткиво како и телесната вода. Оваа метода се базира на мерење на отпорот на телото при проаѓање на наизменична струја.

Позитивни страни

  • Лесна за употреба
  • Практична и достапна, доколку не се работи за професионални модели

Негативни страни

  • Прецизноста под знак прашање
  • Голема разлика во резултатите во зависност од хидрираноста на телото

 

#3: Антропометрија/ телесните обеми 

 

Овој метод се изведува со мерење на телесни обеми со помош на шнајдерско метро на  половината, вратот, колковите (зависно од полот) и висината на телото за да се добие процентот на масно ткиво. Таков метод е U.S. Navy.

Позитивни страни

  • Лесен за употреба
  • Чини најмалку

Негативни страни

  • Прецизноста под знак прашање (масното ткиво се мери индиректно)

 

Постојат и други методи за да го дознаете вашиот % на масно ткиво но не се практични  иако се со многу поголема прецизност тие се скапи, тешко достапни, премногу малтретирање за едно слабеење за да се врши постојан мониторинг. Такви методи се   Hydrostatic Weighing (Со потопување во вода ), DEXA Scan и други.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија