Тренирајте паметно – качување карпи

[video:http://youtu.be/br5ggQABE6s]

Пошто нашиов портал е некаде врсник со КМ Скопје (она е постара за некој месец) и пошто љубиме точак уште од кога памтиме за себе, таа спонтана и неформална собиранка која се формира со најубавата цел на светот ја сметаме за многу блиска. Уште па и кога им е роденден и кога има музиче, пиво, убај луѓе, многу точаци, разни точаци и паметни точаци што ги возат овие точаци.

Дарко рече дека сме се собрале над илјадарка вчера, а нема зошто да не му веруваме кога и самите видовте и на задник паднавте од толку многу луѓе сите наТочак. 

Среќен нека ни е роденденот на сите и едно големо браво за НаТочак за организацијата.

Дополнување: Абе малку касно ни текна, ама бар ни текна да го линкаме видеото од првиот роденден на КМ Скопје од минатиот мај, чисто да си се потсетите.