#5 од 30 дневниот HIIT предизвик на Чарли Џејмс

Еден од постулатите во здравата исхрана е да се јадат што е можно повеќе сезонски производи и да се избегнат сите оние увозни, прерано набрани, прскани и со долг век на полица. Нешто најсезонско, ефтино и мултифункционално во овие есенски месеци е карфиолот.

Почнувајќи од свежа салата, во супа, како чорба, барен, варен, печен па се до зимница, карфилот е одличен избор за екстра нутрицинеси на вашето секојдневно мени.

Освен што е одличен сезонски избор, одличен е и против сезонските настинки. Со оглед на огромната количина витамин Ц што ја содржи делува позитивно врз имуниот систем и дава отпорност кон сите оние вирусчиња што ве демнат од секоја флигеова капка. За да добиете најмногу од овој витамин препорачуваме карфиoл во сурова форма.


 ТЕХНИКИ НА ГОТВЕЊЕ ЗА НАЈМНОГУ Ц ВИТАМИН: Витамин Ц до максимум 


Карфиолот исто така содржи голема количина на глукозинолати, кои во поседно време се мета на најразлични испитувања за нивната канцер-инхибиторна способност, но и нивната превентивна моќ за повеќе типови на карциноми. Овие глукозинолати покажуваат и детоксифицирачка способност, важен процес на исфрлање на сите материи кои не се потребни, вишок или токсични за организмот, со што овозможувате беспрекорна функција на сите системи.

Покрај ова, карфиолот покажува и антиинфламаторна способност заради богатата содржина на витамин К, па кај сите заболувања кои се резултат на хронична инфламација карфиолот е добредојдена намирница, а богатата содржина на диетални влакна ќе се погрижи да си немате проблеми со ситемот за варење.

Останува да не ја пропуштите сезоната на карфиолот и да почнете да го употребувате секојдневно. Одберете убави главици со млечно бела боја, каде поединечните цветчиња се густо подредени. Главицата карфиол со повеќе листови е подобро заштитена, па најверојатно и подолго ќе ја задржи свежината, а големината не суди за квалитетот, па одберете го она што е тамам за вас и вашите блиски.