Стречинг – совети и трикови

Како да ги поместите границите и да го истегнете своето тело до ниво кое не сте го ни замислувале. Еве неколку трикови кои ќе ви помогнат да се трансформирате од Пинокио до циркуски акробат!

1. Никогаш не правете стречинг доколку не сте загреани. Тоа значи дека доколку сакате да направите стречинг како главен дел од тренингот, а не како дел од завршниот процес од некое кардио или силов тренинг тогаш загрејте се задолжително! Неколку минути скокови со јаже или неколку вежби за загревање на телото ќе бидат доволни. Така ќе се заштитите од микротрауми, а мускулите и лигаментите ќе бидат подготвени за вашиот тренинг.

2. Опуштете ги мускулите и ќе можете да ги истегнете лигаментите повеќе одошто очекувате. На почеток, опуштањето на мускулатурата може да биде вистински предизвик, но само треба да продолжите со практикување и да го препознаете чувството. Дури и кога ќе чувствувате притисок на лигаментите и мускулите, сепак целосно сте релаксирани.

3. Оставете телото да си го сработи своето и заборавете на силовите вежби. Телото може да се истега користејќи ја сопствената тежина, сè што треба вие да направите е да ги придвижите деловите од телото за чекор поблизу до целта. На пример, трупот е доволно тежок за да помогне во истегање на нозете во различни позиции.

4. Дишете. Затворете ги очите и дишете длабоко и рамномерно. На овој начин дополнително ќе се релаксирате.

5. Вратете се полека. Кога ги истегате лигаментите и мускулите со релаксација, ги истегате далеку повеќе од вообичаено. За да избегнете повреди, враќањето во првобитната положба треба да биде многу бавно и без нагли потези.

6. Пуштете музика која ве релаксира. Ќе ви помогне дополнително.

7. Соодветна облека. Додека трае истегањето, важно е да ви биде доволно топло, а облеката треба да ги покрива мускулите и лигаментите кои се активираат. Ова ќе делува како мини сауна, но ладниот туш потоа ќе ве прероди.

8. Ако имате некои постари повреди на лигаментите, запаметете, да ги оставите поспани не е баш паметен избор. Треба да ги вежбате и овие делови, само кај повредите бидете повнимателни и трпеливи.

9. Прогрес. Стречинг за целото тело, трипати во неделата и после неколку месеци ќе видите дека Пинокио всушност бил еластичен.

Автор

Ilze Timi

Скопје

Македонија