Две вежби за асиметрични спортови

Ако редовно сте вклучени во спорт кој фаворизира некоја асиметрична постура на телото (пример сноубординг, тенис, голф, сурфање итн.) подолг временски период, тоа се држи во една иста позиција и став со што можна e појава на одредени болки во грбот или вратот. 

Повторувачките движења и држењето на телото во одредена унилатерална позиција на почетокот е целосно компензирана т.е. телото се справува со оваа позиција, но со текот на времето можни се појава на болки и нелагодности во овие компензаторни делови.

Она што овој тип на спортисти е потребно да го прават пред или по тренингот или натпреварот е лесно корегирање на таа асиметрија преку истегнувања и ротации главно сконцентрирани на колковите и рбетот. 

Во подолното видео прикажани се две вежби кои ги таргетираат овие делови од телото и можат да делуваат многу благопријатно и позитивно во корегирањето на овие проблеми. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија