Зголеми ја силата без екстра тежина

Во светот на фитнесот постојат две “радикално” спротиставени страни. Едни кои користат екстра тежини (тегови и сите пропратни елементи) и вторите кои вежбаат единствено со својата тежина. Ова е статија се однесува токму на овие вторите иако сме убедени дека сите може да имаат и те каква корист.

Честопати се случува по проток на одредено време вашето тело едноставно да престане да реагира на вежбите кои ги правите и со тоа да стагнирате во додавањето на мускулна маса и на додавање екстра сила генерално. Едноставно кажано вашите мускули се навикнале на тежината, повторувањата, движењата и со тоа влегувате во фаза на стагнација. Ако мислите дека единствен начин за напредок во оваа фаза е додавање екстра тежина, се лажете. Ви претставуваме четири методи при вежбањето кои и те како ќе ви помогнат да продолжите со растот.

Правете ја вежбата целосно

Сакајќи да направите што повеќе повторувања од некоја вежба, честопати се случува да изгубите од формата на вежбата и да го скратите опсегот на движење. На пример ако правите склекови, движењето мора да биде комплетирано, односно спуштањето да биде до земја, а кревањето до комплетно исправување на рацете.

Направете нешто посложено

Ако очекувате дека по неколку месечно правење чучњеви вашето тело ќе реагира исто по серија од 30 повторувања се лажете. Сепак ако во тренингот воведете покомпликувана варијанта на истиот (чучањ со една нога), тогаш можете да очекувате резултати.

Успорете

Водени од модерниот начин на живот, забораваме да „успориме” за време на тренингот. Брзото правење на вежбите можеби ќе ви донесе експлозивност, но тоа не значи сила. Научно е докажано дека спорото повторување на вежбата во многу поголема мера ги оптеретува мускулите, а со тоа и прави поголемо мускулно цепење.

Работете на техниката 

Откато ќе ги вметнете сите претходни елементи ќе забележите дека вашиот склек, чучањ, згиб или пропаѓање не се така перфектни како што сте замислувале. Запомнете дека независно од тоа дали вежбате од хоби или сте аматери или професионалци, техниката на изведување е нешто што го прави вежбањето совршено. Тоа бара време и упорност, но зарем не е тоа убавината на спортот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија