Што е Табата тренинг?

„ТАБАТА” е име на тренинг. Овој тренинг обезбедува слични здравствени придобивки како класичниот тип на кардио тренинг но е зачинет со многу поголем интензитет на вежбање. Наместо тренингот да ви трае 30 минути или 60 минути, Табата тренингот може да се заврши од 4 до 5 минути. Табатата спаѓа во тренинг со висок интензитет така наречен HIIT Training (high intensity interval training)

Од каде произлегува ТАБАТАТА?

Табатата е основана од страна на јапонскиот научник Изуми Табата и неколку негови колеги од одделот за физиологија во Јапонија. Изуми и неговите колеги научници одлучиле да се спроведе студија за да се спореди тренингот со умерен интензитет и тренингот со висок интензитет.Тој направил тестови на две групи на студенти.

Првата група користи тренинг со умерен интервал на обука. Втората користи тренинг со висок интервал на обука.

Во првата група :

– Спортистите тренирале со умерен интензитет (70% интензитет), пет дена неделно, вкупно шест недели и секој тренинг траел 60 минути.

Во втората група:

– Спортистите тренирале со висок интензитет, четири дена во неделата, вкупно шест недели. Секој тренинг траел од 4 до 5 минути. 20 секунди висок интензитет (17% интензитет) 10 секунди одмор.

Постојат многу различни видови на вежбање, и секој тренинг резултира со различни резултати. Пример, тренинг за зголемување на мускулната маса, зголемување на силата т.е. силов тренинг, подобрување на ккондицијата и вежби за намалување на тежината и.т.н.

Кардиоваскуларните вежби се популарен бренд за вежбање со цел да се подобри издржливоста и да се намали нивото на масти во телото BMI.

Во кардио вежбите спаѓа пешачење , трчање, велосипедизам или брзо одење, скокање на јаже и др. Сите овие тренинзи спаѓаат во тренинг со умерен интензитет, бидејќи имаат тенденција да траат повеќе од половина час и се одвиваат со исто темпо цело време.

Кои се резултатите?

Првата група имало значителен пораст на аеробниот систем (кардиоваскуларниот систем). Сепак, анаеробниот дел (мускулниот систем) се подобрил малку но само кај некој, кај повеќето немало никакви подобрувања.

Втората група имало значително големо подобрување кај сите кандидати. Нивните аеробни системи се подобриле како и нивните анаеробни системи кои се зголемиле за 28%.

ЗАКЛУЧОК?

– Тренингот со висок интензитет има многу поголемо влијание врз аеробниот систем но и врз анаеробниот систем.

Kако изгледа Табата Тренинг?

Било која вежба може да се вметне во овој тренинг. Сепак основните контури на овој вид на тренинг се:

– 4 минути (целосен табата тренинг)
– 20 секунди интензивен тренинг
– 10 секунди одмор
– Вкупно се изведуваат 8 круга т.е. сесии

 Табатата е вид на тренинг со висок интензитет кој нуди повеќе здравствени придобивки од традиционалните кардиоваскуларни вежби. Краток е, и ефикасен тренинг кој може да се вклопи во секоја фитнес програма.