Стегнато тело со метод ,,ТАБАТА”

Што е ,,Табата” или поточно кој е Табата? 

Колку и чудно да ви звучи тоа е името на јапонскиот научник Изуми Табата кој го има откриено овој многу интересен начин за тренинг. И ако мислите дека ова е уште еден пријатен начин да го потрошите вашето време во салата серизоно сте се излажале. Методот Табата е можеби еден од најдобрите и најефикасните методи за намалување и топење на вишокот масти и килограми.

За прв пат на овие простори во соседна Бугарија се одржа првиот семинар за обука на Табата инструктори во органзиција на ААА/ISMA (Американска аеробик асоцијација). Благој Ристовски од аеробик клубот Aerobic i pilates Vinica беше единствен претставник од Македонија и на кратко ќе ни објасни за методот Табата.

Методата за објаснување е многу лесна, но е многу тешка за изведување 🙂

Се изведуваа 8 серии со времетраење од 20 секунди и 10 секунди пауза меѓу секоја серија вкупно 4 минути. Друга важна работа што треба да знаете е дека осумте серии треба да се исполнети со максимален број на повторувања од соодветното движење.

Следуваат 10 секунди одмор, низ која единственото нешто што ќе можете да направите е да си земете здив. Тоа навистина се најкратките 10 секунди во вашиот живот, немате време дури да оставите или еднорачни тегови на земјата.

Ефикасноста на овој тренинг се должи на неговиот висок интензитет и за да има ефект од него  неопходно да се  извлече максимален број на повторувања во секоја серија.

Кои вежби се најдобри за успешен Табата тренинг?

Важно е вежбите да се едноставни и да активраат повеќе мускулни групи исто така може да се комбинира Табата тренинг со тежини.

И така, ако го дадете максимумот од себе во секоја серија ќе дознаете зошто тоа е толку ефективен метод за тренинг. Гарантирам силно срцебиење и дишење, како и многу, навистина многу пролеана пот не само за време на тренингот, но и доста потоа. Имајте на ум дека, сепак, колку и да е ефикасен овој тренинг не е за секој ден. А зошто ли? Па пробајте и сами ќе се уверите.

Кон средината на месец март во организација на Аеробик и пилатес Виница ке се организира првата „Табата Работилница” на која ке се презентира техниката и методиката на овој високо интезивен тренинг.

3, 2, 1 GO….