Создади основа, почни со нозе

Нови сте во фитнесот и сте супер мотивирани. Сонувате за убаво изграедено тело и сте решени да го направите. Пред да почнете со програмата која ја одбравте, ајде да се потсетиме што е основата на секое вежбање и како да ја поставите.

Најголемиот дел од мускулната маса во човековото тело се наоѓа во долниот дел од телото. Без разлика на тоа која е вашата цел во спортот, тренингот за нозе е нешто што едноставно по ниедна цена не смеете да го запоставите. Од него директно ќе влијае во колкава мера ќе успеете да ја зголемите вкупната мускулна маса, дали и колку ќе го забрзате вашиот метаболизам и колку ќе бидете отпорни на повреди во иднина.

Она што треба да го знаете е дека доколку сте почетник немате потреба од форсирање со големи тежини и компликувани вежби како што се чучњвите со шипка и мртвото подигнување. Овие две вежби се апсолутно неприкосновени но исто така можат да бидат и исклучително опасни доколку неправилно ги изведете или ги прецените своите способности. Оттаму многу попрактично и посигурно е да почнете со вежби кои ќе ви ја дадат основната сила и ќе ви помогнат да изградите стабилна мускулна маса која ќе биде основа за понатамошниот напредок.

Ви претставуваме четири вежби кои се идеални за почеток и со кои ќе створите база за идниот успех:

Исчекор наназад: исчекорите се одлична вежба за почетници. Со нив ги работите сите мускули во долниот дел од телото, а бидејќи секоја нога работи самостојно оваа вежба ќе ги поправи сите проблеми поврзани со дисбалансот на левата и десната нога. Исчекорот наназад ќе ја зголеми силата во нозете и ќе га поправи стабилноста , мобилноста и функционалноста.

Чучнување со еднорачен тег – чучнувањето со тегови е одлична увертира во класичното чучнување со шипка. Работите со помала тежина која ја држите во предниот дел од вашето тело со што го учите движењето на природен начин и постепено напредувате. Оваа вежба исто така ќе ги развие мускулите во пределот на стомакот и рамената, нешто без што тешко ќе го издржите тешкиот чучањ со шипка.

Фармерско одење – фармерското одење во суштина е вежба за целото тело. Покрај тоа што со неа ќе ги зајакнете и развиете сите мускули во долниот дел од телото, со неа исто така ќе ги работите рамената, рацете, јадрените мускули и стисокот на дланките.Индиректни ќе влијаете на држењето и стабилноста.

Романско мртво дигање – со оваа варијација на мртвото дигање работите на развивање на долниот дел од грбот, ареа која е многу деликатна и на која треба да и се посвети и тоа какво внимание. Исто така ова е супер вежба која работи на функционалноста и флексибилноста на задната ложа.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија