„Сиси” чучнување – една од најтешките вежби за нозе

Дали мислите дека ги знаете сите варијации на незаменливиот чучањ? Кралот на вежбите има безброј опции за изведување и секоја од нив е уникатна и корисна на свој начин. Ние ви ја претставуваме вежбата која е апсолутен победник во категоријата силни квадрицепси. Запознајте го чучнувањето наречено Sissy.

Невозможно е да се докаже од кога или каде потекнува чучнувањето како вежба. Факт е дека ова е едно од најприродните движења за човекот и во секој случај една од најкорисните и незаменливи вежби за нозете но и за целото тело ако се бавите со спорт. Без разлика на тоа дали ќе ја изведувате со дополнителна тежина или со сопствена тежина севкупната корист од неа ќе биде и повеќе од очигледна.

Она што може да е „проблем” кога е во прашање оваа вежба е што често може да ви стане монотона или недоволна ако се одлучите за изведување со сопствена тежина. Од тие причини постојат многу различни начини да ја освежите рутината и на тој начин да работите делови од телото кои со вообичаениот чучањ не ги активирате на така непосреден начин. Една од од тие варијации е и Sissy чучањот.

За прв пат изведуван во средината на 60тите години на минатиот век, „Сиси” чучањот е најдобриот избор на вежба за сила и моќ на квадрицепсите. Истиот претставува напредна верзија за обичниот чучањ и е идеална за оние кои тренираат без тежини или пак сакаат промена во тренажниот циклус за нозе. Оваа вежба е најдобрата вежба за изолирано работење на квадрицепсите и е незаменлива со било која друга вежба. Покрај тоа со неа ќе можете да работите на цврстина на јадрените мускули, но и ќе го поправите и развиете балансот на целото тело.

Како да ја изведувате:

  • Поставете ги нозете во проекција на рамена со стапалата благо раширени кон надвор. Со една од рацете држете се за било каков стабилен предмет кој е на висина малку повисока од вашите колкови.
  • Колковите, стомакот и грбот нека бидат активни и исправени. Почнете со вообичанетот спуштање за чучањ по што колената ќе почнете да ги движите напред и надолу додека со грбот спуштајте се. Застанете на предниот дел од стапалото.
  • Продолжете да се спуштате се додека колената не бидат комплетно свиткани и паралелни со подлогата.
  • Задржете за момент и полека и во контролирано движење вратете се во првобитната положба.

Иако на прв поглед можеби изгледа лесно и како игра, тоа не треба да ве залажува. Ова е една од најтешките вежби за нозе. Очекувајте чувство на горење во квадрицепсите кога за прв пат ќе ја изведувате оваа вежба. Дајте му на вашето тело време да се навикне на движењето. За оние кои се поискусни, дозволена е употреба на дополнителна тежина. Убедени сме дека секој од вас барем еднаш ќе проба да направи Sissy чучањ.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија