кеј + скали + мишелин + токмак + вреќа (рецепт од хром)

Сабајлечки хард кор тренинг

Овој тип на тренинг го правам 2-3 пати во неделата,одличен е за снага и експлозивност. Комбинирам кратки трчања удари во вреќа и гума со токмак. 

Загревам 15 минути, трчам и правам гимнастика на цело тело од горе надолу почнувајќи од врат до скочен зглоб

-забрзувања 20 метри 5 должини

-скали севкупно 3 сета по 5 качувања 

-спринтови по 20 метри 3 х 5 должини

-удирање во гума 3 сета по 20 репетиции (удари)

-вреќа комбинирано раце нозе 3 сета по 2 минути

-стречинг (истегнување) за нозе и труп 2-3 мин

важно

пред тренинг/ внесувам 1 цеден цитрон и 1 кафе

по тренинг / 1 банана, овесни снегулки 50 грама со млеко + 4 белки од јајца