Како до 100 склекови ко од шала?

Без многу пот и влог, не се стига баш лесно до бројка од сто склекови во една серија, но со една кратка програма што секој може да ја вежба, можеби овој подвиг ќе стане реално изводлив.

Склековите се една од најдобрите вежби градење на гради, рамо и рака и испукување на 100 правилно направени во една серија навистина кажува за вашата моќ и издржливост. Но, ретко кој може да ги направи, па еве едно мало планче на вежби кој може да ви го олеснат овој подвиг.

Започнете со пронаоѓање на максималниот број на склекови кои можете да ги направите во една серија. Ова ќе биде вашиот индивидуален макс. Секој две недели, повторно тестирајте ја вашата максимална бројка.

Прва вежба: понеделник, вторник и петок
Четири пати по ред направете го максималниот број на склекови, а за тоа одвојте онолку време колку ви е потребно. Ок е, доколку последователните серии имаат помала бројка на склекови.

Втора вежба: вторник, четврток и сабота
Пет пати во текот на денот наместете аларм (на секој два до три часа е сосема доволно). Секогаш кога ќе заѕвони, спрегнете се и направете два сета на склекови. Првиот нека биде до макс, одморете 45 секунди, па пробајте да го направите и вториот сет со што ќе се обидете да го достигнете максимумот, но во најбрз можен рок.

Звучи армиски, но нема зошто да не се проба.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија