Јас ја имам сЦилата – видео

Маврово – Сектор Амбрела (Umbrella) / Насока Сцила – 7C+

Секторот е идеален, а можеби и единствен летен сектор во Македонија. Може да се качува преку цел ден. Бидејќи е пештера може да се качува и кога врне. Има преку 20 насоки со тежини од 5C до 8C.

Насоката на видеото е Сцила со тежина 7C+. Многу убава техничка насока, убави движења со ситни фаќалишта во превис. Многу интензивна со тежок детал пред самиот излез. Одлична за тренинг за издржливост.