Наслов

Јак си во склекови? Тестирај се!

Ако постои една единствена вежба која е најверодостоен тест за силата во горниот дел од телото, тоа со сигруност е склекот. Веројатно сите ја практикувате и мислите дека сте силни. Ајде да се тестираме!

Ова е функционален и супер едноставен тест кој ќе ви даде слика и претстава за тоа колку сте силни во горниот дел од телото. Правен е според возрасни групи и прилагоден за мажи и жени.

Кои се правилата:

Правите стандарден склек со дланки поставени благо пошироко од рамената и се потпирате на прстите на нозете, за дамите дозволена е варијантата со свиткани колена на земја. Грбот мора да биде исправен и движењето да биде комплетно, надолу со градите до земја а наогре до целосно исправени раце. Правите склекови до откажување и без било какви паузи или застанувања.

Пробајте, натпреварувајте се и напредувајте!

МАЖИ

Возраст17-1920-2930-3940-4950-5960-65
Одлично> 56> 47> 41> 34> 31> 30
Добро47-5639-4734-4128-3425-3124-30
Натпросечно35-4630-3925-3321-2818-2417-23
Просечно19-3417-2913-2411-209-176-16
Потпросечно11-1810-168-126-105-83-5
Слабо4-104-92-71-51-41-2
Многу Слабо< 4< 4< 2000

ЖЕНИ

Возраст17-1920-2930-3940-4950-5960-65
Одлично> 35> 36> 37> 31> 25> 23
Добро27-3530-3630-3725-3121-2519-23
Натпросечно21-2723-2922-3018-2415-2013-18
Просечно11-2012-2210-218-177-145-12
Потпросечно6-107-115-94-73-62-4
Слабо2-52-61-41-31-21
Многу Слабо0-10-1000

0

06 Декември 2017

За авторот