Полигонски тренинг со 6 станици

Моќен кружен тренинг со тројцата мускетари

Три серии од по шест минути. Звучи слабо, епа оди и пробај!

 

Овој Кружен тренинг се изведува со висок интензите и содржи голем број на функционални движења како што се: влечење, туркање, скокање, мафтање и совладување на простор со носење на товар, односно тоа се движења кои ги среќаваме во нашето секојдневие. Целта на овој тренинг е да се подобри квалитетот на мускулната издржливост и мускулната сила.

3 рунди од:

Секоја од вежбите се изведува во врметраење од 1 минута

1. Влечење и туркање на возило (Џип Mitsubishi pajero sport 1,845–1,920 kg)
2. Дупли скокови на јаже
3. Наизменично мафтање на морнарско јаже (7кг)
4. Мафтање на РУСКО ЗВОНО (Kettlebell) (32кг)
5. Фармерско одење со мртви поткревања на секои 10 метри (2×37кг)
6. Удар со тежок чекан во тракторска гума (7кг)

1 минута пауза

Мускетарите се:

Атос – Огнен Бражански

Портос – Даниел Трбогазов – Мој Тренер

Арамис – Филип Арсовски

и Д`артањан позади камера – Игор Јовановски

Галеријата од овој тренинг можете да ја погледнете тука