Фрлање лименки пиво од 15 кила

Зборувај ми за снага

Ако гледате „Игра на тронови” тогаш го знаете Планината, ако не гледате еве ќе ви кажеме дека тој е главниот џелат на лошата кралица кој сече луѓе на пола со едно мафтање на мечот. Во приватниот живот тој е т.н. стронгмен – во превод многу силен човек кој оди по настани каде се натпреваруваат во оние древни викиншки техники на носење бродови во раце, фрлање трупци од по пола тон и слично. Овде на Планината му дале лименка пиво да ја фрли во воздухот. Следете внимателно. 

Хафпор Бјорнсон инаку е вистинското име на Планината, а тој досега има тепано на многу вакви стронгмен натпреварувања. Во погорново видео тој фрла боца тешка 15 килограми скоро во висина на два спрата поточно 7,5 метри во висина. 

На крајот од натпреварувањето тој изјавил дека ова било пис оф кејк за него затоа што можел да го пробуши таванот – пренесуваат медиумите.

Пред некое време тој стана најјакиот човек на Европа откако успеа да го сруши рекордот (легенда) за извесен човек од Исланд по име Орм Сторолфсон во носење на јарбол на викиншкиот брод Ормен Ланге тежок 640 кила околу 5 чекори. Видеото од ова е подолу.  

Дополнително – Зошто снага, а не сила – прочитајте ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија