Фитнес совети од трикратнот Crossfit шампион

Фацата која дефакто стана поим на Crossfit движењето со освоени три последователни титули открива мали, но битни детали од неговиот начин на работа. 

И ништо чудно, некој како Рич Фронинг да има далеку различен пристап кон вежбањето и нутрицијата. Според овие одговори е обликуван неговиот фитнес режим, а таму нема распореди за вежбање, нити пак некои посебни диети.

Еве што откри Рич во интервју за outsideonline.com пред да ја зграпчи и третата титула на Кросфит

Баталате го тренинг планот

„Јас вежбам од два до пет пати на ден, но никогаш не го правам тоа според некој план. Едноставно го „слушам“ моето тело и вежбам тоа што мислам дека треба да се вежба.“

Прескокнете ги суплементите

„Треба да успеете да се снабдите со сите потребни суплементи преку диетата. Јас пијам протеински и аминокиселински препарати, но искрено, не знам дали делуваат. “

Научете да ги сакате чучњевите

„Есенцијална вежба. Погледнете ги спортистите. Во скоро сите спортови има некаква форма на чучњеви.“

Спијте многу

„Се трудам да имам од осум до десет часа на сон. Не практикувам дремка и понекогаш пијам енергетски пијалоци. “

На опоравокот се става премногу акцент

„Никогаш не земам повеќе денови за одмор. За активна рекуперација возам велосипед неколку часа. Пак се движиш и трошиш енергија и добро е да направиш ден пауза од стресните тренинзи.“

Најдобрата вежба

The Thruster – комбинација на чучањ и преса. Работи сè. А, мојата најмалку посакувана! Сè што има трчање во него.

Тргнете се од диетите

„Многу луѓе кои прават Кросфит јадат стриктно палео диета, но јас не се приврзувам за некој специфичен режим на исхрана. Доколку гориш доволно калории, не ви треба.“

Благото е OK

„Обожавам пита со јаболка. Ако начекам, ја јадам цела.“

Не ви треба теретана

„Не ви е потребна теретана за да вежбате силов тренинг. Можете да правите pull-up на гранка од дрво. Уште и ако имате медицинки, имате прилично добра теретана на отворено.“

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија