Чучни си како вистински сумо

Уште една одлична варијанта на старото добар чучнување која може да ви донесе низа придобивки и да ја разбие вежбачката рутина за нозе.

Нема дилема дека чучнувањето и сите негови варијации се убедливо најдобриот избор на вежби за нозе. Ова во исто време едноставно и комплексно движење, на најприроден можен начин ги активира сите мускули во долниот дел телото и истовремено ги и синхронизира и зајакнува. Ако се бавите со било каков спорт или пак сте фитнес вљубеник, чучањот е нешто што никако не смеете да го изоставите. Прво за да добиете посилни нозе кои се основа на целото тело и второ за да превенирате идни повреди.

Да претпоставиме дека веќе го имате совладано регуларниот начин на чучнување и време е да поминете на неговите варијации. Иако на прв поглед разликата меѓу вообичаеното чучнување и сумо чучањот е мала, сепак постојат разлики кои мора да се знаат. Да почнеме од формата и начинот на изведување.

Застанете во исправена позиција со нозе благо подраширени од проекцијата на рамената. Потоа со стапалата почнете да отварате во страна се додека палците на нозете не бидат свртени 45 степени од позицијата на ногата кон надвор. Кога ќе ја заземете оваа позиција почнете да се спуштате надолу со стегнат стомак. Задникот треба да оди наназад а рацете се активни и треба да завршат во висина на брадата. Кога со задната ложа ќе дојдете во паралелна позиција со подот, почнете да се враќате во почетната позиција, истовремено спуштајќи го рацете.

Вежбата може да се изведува и со дополнителна тежина односно со еднорачни тегови или руски ѕвона. Бидете внимателни со тежината бидејќи истата може да предизвика големо оптеретување на долниот дел од грбот. Вообичаено за оваа вежба се 3 серии со по 8 повторувања, но сето тоа може и треба да варира зависно од вашата форма.

За разлика од стандардниот чучањ, Сумо чучнувањето е вежба со која вашето тело е значително понестабилно. Тоа пак значи дека оваа вежба е одлична за зголемување на мобилноста и флексибилноста во пределот на колковите и долниот дел од грбот и одлична вежба за мускулите стабилизатори во долниот дел од телото кои се и тоа како важни за функционалноста на телото. Покрај ова Сумо чучањот како и останатите видови на чучњеви одлично работи на глутеусите, квадрицепсите и задната ложа.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија