Звуците на параглајдингот

Кога природните звуци и тонови ја играат главната улога во едно и така прекрасно видео со параглајдинг. Квалитетни слушалки или звучници, начулени ушиња, тивка соба, „волуме“ малку покачено и утре се запишувате на летање.

Видеото т.е. звуците од видеото се снимани со некој високо квалитетен микрофон кој страшно реално ги доловува сите звучни ситници и сензации кои ја прават секоја авантура богата и вредна за уживање.

П.С. – баталете ги слушалките кога сте активни на отворено и слушнете ја природата!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија