Зошто ти не пливаш како Фелпс?
Одговорот на ова прашање лежи во мал милион разлики, меѓу кои и оваа на фотографијата подолу…
Најдекорираниот спортист во досегашната олимписка историја, американскиот пливач Мајкл Фелпс е висок 193 сантиметри, а распонот на неговите раце (мерен од врвовите на прстите) е 203 сантиметри. Кај најголемиот дел од луѓето овие две должини се скоро еднакви т.е. пропорционално исти, но кај Фелпс постои голема разлика во должината на рацете и дланките кои дефинитивно му даваат предност во однос на другите пливачи.
Дополнително, големата флексибилност на зглобовите на Мајкл, како на рацете, така и на нозете овозможуваат најефикасно искористување на енергијата при движењето низ водата.