СЕМИНАР "НЕ БИДИ ДЕВОЈКА, БИДИ АЛФА ДЕВОЈКА"!!!

Успешно завршен БЏЏ семинарот за девојки

Во извонредна амтосфера овој викенд помина семинарот за понежниот пол на кои присуствуваат 70 УЧЕСНИЦИ!!!

Покрај практичните техники кои учесниците ги изведуваа со голема посветеност на овoј семинар се разговараше за основите принципи при напад, одбрана, корисни совети за превенција итн…

Имаше учесници не само од Скопје, туку имаше и од Велес, Прилеп и други градови. Имаше учесници кои досега не практикувале ни една боречка вештина и овој семинар им беше првиот контакт со боречките вештини. Водител и организатор на овој прв семинар беше М-р Алексовски Ивица, основач на клубовите за боречки вештини “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” и Претседател на Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица. На семинарот му помагаа девојките од бџџ клубовите кои се дел од федерацијата.

Во првиот дел се увежбуваа техники при напад во стоечка позиција, во вториот дел техники од клинч, а во последнито дел се увежбуваа техники во легната позиција.
Организаторот беше задоволен од учесниците бидејќи многу лесно ги совладуваа новите техники и истите ги изведуваа со голема посветеност.

Со овој семинар Центарот за боречки вештини “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” на чело во Алексовски сакаа да “допрат” до обичниот граѓанин и на овој начин да ги мотивираат особено девојките да бидат дел од клубовите за боречки вештини. Во план е до новата година да се организираат уште 2 вакви семинари со цел продолжување на еден комплекс од 3 семинари и секој учесник барем почетно се запознае со техниките кои секој тренинг членовите од клубовите ги увежбуваат и практикуваат.