Тренинг за брзина, агилност и забрзување на плажа

Сонце, море, езеро, плажа, мек песок… Mожеби идеална комбинација за одмор, но уште подобра комбинација за несекојдневен, интересен и интензивен тренинг за сите добро подготвени рекреативци, но и за професионалци.

 

Кога станува збор за професионалните спортисти, тренингот на мек песок може да игра значајна улога во базичниот период од подготовките. Ситниот песок претставува надворешно оптоварување за спортистот, додека со вежбањето на нерамна површина се подобрува функцијата на проприорецепторите.

На ова видео се прикажани вежби преку кои пред сè позитивно ќе се влијае врз подобрувањето на експлозивната сила, брзината, агилноста и забрзувањето, а сето тоа доколку правилно се интегрирани во тренингот и тренажниот процес.

Јас во ова видео ја имам улогата на рекреативец, кој повеќе ужива во тренингот на плажа, во споредба со здодевното плажирање.