Што значи да си „слуга” во велосипедски тим

„Доместик” или во буквален превод слуга се сите оние велосипедисти кои ги гледате како рмбаат во текот на целиот Тур за на крај да може да победи еден предодреден човек од тимот. Ама матицата не може да припари до жолтата маичка ако нема добри пчели – работници. 

Функциите и задачите кои овие возачи ги прават во текот на секоја етапа е огромна. Таа започнува со првичното блокирање на ветерот во гради со што му штедат енегија на главниот тимски кандидат за победа. Неколку луѓе во колона кои веслаат пред тебе значи и до половина помалку трошење на енергија за време на веслањето. 

Потоа тука е диктирањето на темпо во пелотонот и внимавање на различните „одвојувања” кои може да настанат во текот на трката, односно тие се екстремно важни во играње на тимската тактика која ја имаат одбрано за таа етапа. Бидејќи фаворитот за освојување на жолтата маичка е еден, доколку нешто се случи со него, пример незгода, повреда или дупната гума, еден од слугите обавезно останува со него да го врати во пелотонот, со што помалку изгубена енергија. 

Тука се дополнително функциите како изигрување на келнер кој носи храна и течности, ако се дупне гума на фаворитот тогаш слугата му ја дава неговата ако сервисната кола е подалеку или може и да му го даде целиот точак ако му одговара. 

Со еден збор, денешните велосипедски трки се добиваат со далеку повеќе од само индивидуален напор, туку со сложена тимска тактика и работа. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија