Што викаш за кајак другарче?!

Топло е, а вас ви е премногу компликувано и напорно да одржите чекор со вообичаените тренинзи. Паузата е опција, но уште подобар би бил активен одмор во комбинација со малку забава. Што велите за активност која ќе ви биде и предизвик и релаксација во исто време. Што велите за малку веслање кајак… 

Кајакот е забавен. Без разлика дали ќе веслате на море, езеро или река, задоволството од оваа активност е неминовна. Идеален е во летните денови, прилично достапен и би било вистинска штета да ги пропуштите сезонските моменти на овој спорт. Покрај тоа што е забавен, кајакот е исклучително корисен за вас и вашето здравје.

Кајакот е еден од најдобрите опции за елиминирање на секојдневниот стрес и нервоза. Воденото опкружување и природата збогатени со присуството на физичка активност се добитна комбинација за брзо и ефективно поправање на расположението. Ќе забележите и дека долго по завршената прошетка или тренинг со кајакот ќе се чувствувате релаксирано , среќно и задоволно.

На физичко поле ќе го предизвика целокупниот горен дел од телото. Веслајќи кајак ќе го подигнете севкупното кардиоваскуларно ниво на повисок степен и ќе зајакне голем дел од мускулните групи пред се во горниот дел од телото и тоа буквано сите. Раце, рамена, гради, грб и стомак. Доколку мислите дека нозете немаат никаква улога грешите. Нозете играат важна улога во навигацијата и управувањето на кајакот.

Во просек за еден час ќе согорите помеѓу 350-450 калории за еден час, а доколку сакате бројките да се зголемат, ве предизвикуваме да пробате да веслате во спротивна насока од ветерот или течението на водата.

Да заклучиме, кајакот е одлична активност во природа која воедно е и одлична аеробна вежба. Како и кај останатите аеробни тренинзи редовното практикување на овој спорт ќе ви помогне да ја зголемите издржливоста, ќе ја подобрите работата на срцето, позитивно ќе влијае на намалување на холесторолот, крвниот притисок, ја подобрува работата на белите дробови и мускулната цврстина.

Излезете на вода, најдете кајак и уживајте во летото. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија