Роуд бајк на офф-роуд

Или циклокрос. Кога тенкото друмско точаче наменето за мазни асфалти ќе го спрегнете по некој тешко достапни шуми и планини. Звучи интересно? И те како!

Цикло-крос е една интересна форма на велосипедско тркање која најчесто се одржува кога времето е најлошо (на есен или зима) и се содржи од повеќе кратки кругови низ рута која минува низ патеки за планински велосипедизам, стрмни ридови и разни природни препреки на патот, а дозволено е возење единствено на друмски велосипед кој нормално нема суспензија. Понекогаш, кога теренот е до толку незгоден, дозволено е носење на точакот на рамо. 

Спортот најмногу е популарен во традиционалните роуд-бајк држави како Белгија, Франција и Холандија, а во последно време тој до толку се има проширено што постојат одредени велосипедисти кои се специјализираат во дисциплината. 

Во ова видео, имам еден Британец со карактеристичен тврд акцент кој убаво си го објаснува неговиот омилен спорт.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија