Наслов

Развој на квалитетни програми на клубовите за дигање тегови во Македонија

Во Лозана, седиштето на Меѓународниот олимписки комитет 28 тренери од целиот свет меѓу кои и Адам Глигоровски, претставник на Македонскиот олимписки комитет се здобија со диплома за завршена Олимписка обука како дел од Меѓународната програма за тренери реализирана преку блиска соработка меѓу Меѓународниот, Македонскиот и Американскиот олимписки комитет како и со Меѓународната федерација за дигање тегови.

Адам Глигоровски со одличен успех го одбрани својот труд "Развој на квалитетни програми на клубовите за дигање тегови во Република Македонија", труд одбранет пред членовите на комисијата составена од претставници на ИОК, Американскиот олимписки комитет и Универзитетот Делавер (САД).

Дипломата на Адам Глигоровски му ја доделија Спортскиот директор на ИОК, Кит МекКонел, Програм директорот на ИОК, Јасин Јусфи и Генералниот секретар на Меѓународната кајак федерација, Сајмон Тулсон.

Македонскиот олимписки комитет, како невладина и небуџетска институција, финансиски и логистички во целост ја поддржа оваа обука и силно верува дека со овој вид на акции директно ќе го помогне развојот на спортот во Република Македонија

30 Април 2015

За авторот