Физиотерапија

Прва физиотерапевтска помош

Физиотерапевтите се најблиски соработници на сите спортските работници. Тие понекогаш се и единствените медицински лица на спортските терени и први реагираат при настанувањето на повредите…

Во зависност од спортот кој се практикува се јавуваат и различни видови на спортски повреди на спортски терени. Но сепак не постои зглоб кај спортистите кој не може да биде повреден на спортските терени. Во професионалните спортски клубови многу сериозно се контролира здравјето на спортистите и нивните потреби за извршување на спортските задачи на терените. Сите светски познати спортски клубови во својот состав имаат едуциран физиотерапевт кој со помош на специјални физиотерапевтски техникии методи ги превенира или ги санира евентуалните спортски повреди.

Многу е важно за сите оние кои се занимаваат со спорт да ги знаат и специфичните потреби за спроведување на спортот.
Нема ЕВТИН спорт!

Секој спорт има свои спецификации и бара внимателен, соодветен тренинг и квалитетен пристап за постигнување на резултати. Советите од физиотерапевтот кој работи на спортски терени се многу важни за спортистите и самите тренери во клубовите. Потребно е навремено спортистите да ги пријавуваат своите повреди, секој несериозен пристап кон било каков тип на повреда само ги оддалечува спортистите од терените за подолг временски период. Во советите од физиотерапевтот за превенција од евентуални спортски повреди влегуваат и следните информации

• Вежби за истегнување и загревање на мускулите пред тренинг/натпревар;
• Соодветни обувки за спортот за кој сме го одбрале;
• Ортопедски помагала (соодветни стегачи, појаси и др.);
• Не тренирајте во клубови кои немаат физиотерапевт

Не можеме во целост да ги превенираме спортските повреди, но факт е доколку се следат физиотерапевтските совети можат значително да се намалат овие појави на спортските терени.

Физиотерапевтите се најблиски соработници на сите спортските работници, тие понекогаш се и единствените медицински лица на спортските терени и први реагираат при настанувањето на повредите.

 

Првата физиотерапевтска помош на спортските терени е најважна. Тоа е добро познатиот R.I.C.E метод

Rest – одмор, Ice – мраз, Compresion – компресија, Еlevation – елевација

Ладните облоги се аплицираат веднаш после настанувањето на повредата со цел преку ефектот на вазоконстрикција (стегање) на крвните садови да се намали воспалението на локалното ткиво и да се намали настанатата болка. Веднаш потоа потребно е да се направи соодветна компресија со еластичен завој и да се остави повредениот екстремитет во елевирана положба.

За среќа во Македонија се достапни голем број производи за третман на повреди, гелови кој ладат и се користат за криотерапија и за неколку минути  ја намалуват болката. Доколку повредата изискува и дополнителен лекарски ангажман се прават консултации со ортопед или трауматолог и заедно со физиотерапевтот се поставува натамошниот евентуален тек во спроведувањето на третманот на повредата хируршко или физиотерапевтско решение.

Голем број светски познати спортисти и јавно им посветуваатт дел од постигнатите резултати на своите физиотерапевти како благодарност за примената на своето знаење во третманот на нивната повреда.