Практичен дел од испитот за соодветни алпинистички називи

Во текот на викендов, членови на Алпинистички Клуб Матка и Алпинистички клуб 8 – АК 8 од Скопје, реализираа неколку работни содржини во рамките на практичниот дел од испитот за соодветни алпинистички називи во рамките на Македонската Алпинистичка Федерација.

Дел од испитот, покрај претставувањето на дел од техниките за качување и обезбедување, беа и техниките за спасување. Повеќе инфо и фотки – во текот на утрешниот ден.
Ова е само прва група од членството на МАФ кои во наредниот период ќе бидат дел од интензивни обуки, како и испити заради утврдување на стекнатото знаење.