Планински Фестивал - Попова Шапка 2015

Фантастичен планински фестивал на Попова Шапка

По примерот на европските и светските планински држави кои зимските туристички капацитети веќе долго време ги имаат направено во летни атрактивни локации со широка понуда на спортови и активен туризам, Македонија е неопходно да го држи чекорот кон ваквиот развој. Спортските настани како Планинскиот фестивал на Попова Шапка е одличен пример како треба да се работи на случајот.

Велосипедот, планинарењето и трчањето на преубавите локации низ нашите планини, особено во ваков формат на фестивал, натпреварување, забава и уживање е само дел од она што може да носи огромен развој на целата држава во полето на алтернативниот туризам.

Попова Шапка и оваа година беше домаќин на крос-кантри велосипедската трка во рамки на државното првенство, а вториот ден на понудата беше посета на бисерот на Шар Планина, Лешница, преку велосипедски маратон. 

Планинското трчање беше еден мал новитет за оваа година, а од наредна зошто да нема и летање со параглајдери, качување на карпи и проширување на и онака бесконечно долгата листа на спортови. 

Ова е чисто како наше размислување, а за тоа како си поминавме, ви го оставаме видеото. 

Од страна на одличната организација на Пробајк чекаме и дополнителни официјални резултати. До следната година…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија