По стапките на Крали Марко, во ритамот на овој прекрасен спорт

Овој викенд на 26-27.09.2015 година во прилепско и околината беше одржано петтото издание на единствената во поголеми размери трка во планинско трчање во Македонија.

Иако временските услови овие два дена насекаде низ државата не беа баш најповолни тоа не беше причина околу 130-тина натпреварувачи од Македонија и околните држави да дојдат на една од трите трки со различни должини и да бидат дел од еден одличен спортски настан.

Самата трка претставува своевиден симбол на планинското трчање во Македонија и таа е една од пионерските проекти на клубот TREX и ПСД Макпетрол кои веќе петта година ја организираат на интересниот прилепски предел со тоа што овојпат имаше три дистанци достојни за сечии предизвик. 

Исходот од целиот спортски настан беше повеќе од задоволувачки. Тој беше центарот на една убава дружба и позитивна енергија од голем број на луѓе, еден од најубавите начини за конектирање со природата и претставуваше арена на која се рушеа временски рекорди но и место на кое што голем број на луѓе ги поместија границите на своите човечки можности.

Со еден збор, нешто во што вреди да се вложува.

Искрени честитки до сите кои учествуваа и кои помогнаа во организирањето. 

Повеќе за КМТ – ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија