„Пластикман“ – болдеринг маскенбал

Овој викенд на вештачката карпа за качување во СЦ „Борис Трајковски“ во организација на спортско качувачкиот клуб „Вардар“ беше одржан предновогодишниот болдеринг натпревар под маски – „Пластикман“. Доволно добра причина да отидеме и да доловиме атмосфера од еден ваков позитивен спортски настан.

Сè со цел приближување на спортското качување и болдерингот до популацијата која не се сретнала со овој спорт, особено младите, а и за добра забава меѓу сите учесници, натпреварувањето имаше тематско маскирање – маски од 80тите години. 

Посетеноста беше на солидно ниво бидејќи учество можеше да земат и рекреативци и качувачи, имаше бројни насоки со различни тежини кои беа обележани со разни сликички од познати ликови, а атмосферата беше супер.

Со еден збор, Македонија треба да има повеќе вакви супер настани кои претставуваат стимулација за спортување и дружење.

Резултати

Категорија деца:
1. Виктор Трповски
2. Павел Смилков
3. Стефан Дуковски

Категорија рекреативци – мажи:
1. Павле Тасковиќ
2. Милан Андреев
3. Деан Ивановски

Категорија рекреативци – дами:
1. Фросина Ременска
2. Ивана Атанасовска
3. Александра Ефтимовска

Категорија качувачи:
1. Томислав Јордановски
2. Марјан Киндалов
3. Ивица Јовановски

Категорија качувачи – жени:
1. Маја Петровска
2. Миа Шукова
3. Александра Герасимова

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија