Пинг-Понг – повеќе од игра!

Покрај тоа што е динамичен, интелигентен, забавен, друштвен, Пинг-Понгот без сомнение е една од нагјолемите зависности на кои човекот може да се „навлече”. Се игра насекаде во светот, во секакви можни услови и без апсолутно никакви возрасни граници.

Пинг-Понгот или тенис на маса, е една од најпопуларните спортови на светот без оглед на тоа што е стар само 130 години. Како и сите останати спортови кои вклучуваат топче и палка, и тој е измислен во Англија во 1880 година. Тешко е да се каже со сигурност кој е човекот на кој му дошло на ум да префрла топче од еден до друг крај на масата, но сосема е извесно дека произлегува од високите слоеви на англиското благородништво како замена за тогаш мошне популарниот тенис, односно како замена за тенисот во лоши временски услови.

Во своето кратко постоење сменил повеќе имиња како: Тенис на затворено, Госима, Виф-Ваф, Флим-Флам за да од 1926 (кога е формирана Светската федерација) сите варијанти на играта и имиња на истата се обединат под името „Тенис на маса”. Од тогаш па до денес се одржани 62 светски првенства на кои апсолутна доминација имаат кинеските натпреварувачи и останатите учесници од азискиот континент.

Пинг-Понгот се игра на маса која е со унифицрани димензии и строги правила. Масата е долга 274см, широка 152,5см и е поставена на висина од 76см. На нејзината средина е поставена мрежа која е висока 15,25см. Се игра со пластични топчиња со дијаметар од 40мм кои се воведни од 2000 година како замена за дотогашните топчиња од целулоза кои биле со дијаметар од 38мм. Промената била направена со цел играта да се успори како би била поедноставна за гледање при телевизиски пренос.

За илустрација колку бргу се движи топчето доволно е да се знае дека светскиот рекорд за најбрз удар при едно официјално натпреварување е 116км на час и е во сопственост на Полјакот Лукаш Буднер.

Што се однесува за придобивките од од играње на пинг-понг тие се и те како големи. Оваа игра се смета за една од најинтелигентните на светот. Играњето на пинг-понг докажано влијае на зголемување на вашата концетрација, ментален фокус, планирање и стратиско размислување, подобрена долгорочна меморија и подобрени рефлекси.

Од физички аспект пинг-понгот ќе ги активира сите големи групи на мускули во телото. Активното играње помага во зголемување на балансот, координацијата на движења и сето тоа со минимален импакт врз вашите зглобови. Играњето пинг-понг во времетрање од еден час согорува просечно 280-300калории што е солидна бројка.Од 1988 година Пинг-Понг е олимписки спорт.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија