Паркур сесија во Скопје

Сè што е потребно да се занимавате со овој спорт е голема желба и добри патики. Во Македонија нема соодветни сали за да се тренира овој спорт и оние што се занимаваат со него во поголемиот дел импровизираат. Во Скопје на отворено се одбираат локации како Кале, СЦ Борис Трајковски, Градски парк и секаде каде што има препреки и ќе се добие дозвола да се тренира.