Одржана првата треил трка во Штип

Овој викенд во учество на околу 70 натпреварувачи во градот под Исарот и околните ридови се одржа првата трка во планинско трчање „Струмина Чешма“.

Планинското трчање е во вистински подем во нашата држава откако започна организирање на се` повеќе настани од ваков карактер, но и поради големата заинтересираност од страна на граѓаните, било рекреативци или посериозни тркачи за вакви убави случувања.

Трката минуваше низ патека долга 16 километри и позитивно висинско качување од 700+ метри, а на неа учествуваа околу 70 души кои во пријатна атмосфера трчаа низ убавите штипски предели. 

Во машка конкуренција пиедесталот го земаа Филиповски Филип (прво место), Кирковски Александар (второ) и Јосифов Игор (трето), а во женска конкуренција Јованова Благица (прво место), Милева Мартина (второ) и Богдановска Марија (трето).

За одличната организација виновни беа нашите ултра-маратонци Жикица Ивановски и Светлана Стојановска потпомогнати од TREX и ПСД Макпетрол. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија