Ноќ на Спартанците

Кросфит натпреварот што се одржа пред една недела (31.05.13) во Белград во гаражите на трговскиот центар  “Пашино брдо” беше одлично искуство за мене. Клубот “Спартанац” организираше интерен натпревар на кој како гости бевме поканети Јас и Јане Симски кои воедно и бевме единствени претставници од Македонија. 

 

Натпреварот беше наречен “НОЌ НА СПАРТАНЦИТЕ” и имаше натпреварувачи во машка и во женска конкуренција.

Дисциплини на натпреварот

Имаше 4 учесници во мастерс (тоа е категорија над 38 години), 10 женски учеснички, и 35 напредни.

– Се стартуваше со трчање 200м со медицинка од 10кг и одма после тоа 50 чучњеви со медицинка и исфрлање до 3м за мажи и 2 метра за жени.
– 1 минута пауза
– Потоа следи вториот со 40 нишања (swings) со 32кг кетелбел (kettlebell) за мажи и 18кг за жени
– 1 минута пауза
– Па 30 исфрлања (cleans) со 70кг за мажи и 35 за жени.
– 1минута пауза
– Па веслање 20 калории.
– 1 минута пауза
– Па превртување гума 10 пати (тешка 200кг М/ 140кг Ж) и одма после тоа влечење на гума 50м тешка 100кг за мажи и 60 кг за жени.