Неа Пори подготвителен камп на Ракометното школо Андријана Будимир

Во преиодот од 12-19 јуни во Неа Пори – Грција Ракометното школо “Андријана Будимир” ќе одржи летен подготвителен камп.

Школото е сместено во Хотел кој располага со две ракометни игралишта на песок и едно на бетонска површина. Во хотелскиот комплекс се наоѓаат и екипите на Партизан Белград и Железничар од Ниш.

На кампот се присутни генерациите 2000г – 2003г во машка и женска постава. За време на кампот децата ќе имаат два тренинга дневно и мини турнир кој ќе се одржи кон крајот на престојот во Неа Пори.

Тренинзите се изведуваат по соодветна програма специјализирана за возрасната категорија. Покрај тренинзите во склоп на кампот како тим билдинг ќе бидат организирани забавни игри, водени лудории и посета на планината Олимп.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија