Аматерски Триатлон

Македонија Vs Триатлон

Под импресии на целата убава атмосфера од Скопски Маратон и деновиве муабетите за МТБ тура Азот кој како поминал и Мариово Aутдоор Фестивал до кај е како одат припреми, ми се јави желба да напишам некој ред за аматерскиот триатлон, да не речам, си имам една мала рана па да пробам да ја залечам…

Да не ме сфати никој погрешно и да не ми замери никој, повеќе од сигурно е дека има кај нас далеку покомпетентни луѓе за и околку триатлонот од мене и луѓе чие искуство би значело много повеќе и би имало во тежина од ова моето. Јас само сакам да се осврнам на триатлонот како начин на живеењне, само-надминување и бркање на соништа. 

Да се навратам онаму кај што почнав т.е. таму кај што ме боли.

Трчањето. Скопски Маратон од година в година расте и се развива, а и луѓето кои учествуваа во него и не е само Скопски, скоро секој викенд по социјалните мрежи има слики кој кај бил и на кој маратон трчал. Лепота, да ти е кејф да гледаш и да читаш. А и кејот на Вардар, гужва, секој ден. Порано се знаеше, ќе помине Скопски и толку, ке останеме неколку души “стандардни”, али годинава како после Скопски да појача. Ако ги додадам тука и “планинците” и секојдневното орање на Водно. Со еден збор стигам до тоа дека почнавме да личиме на нација што трча. Делеку е од тоа што све се прави на запад и како тоа таму изгледа и во масовност и во услови, али со оглед колку далеку сме во све друго во ова и не е баш така делеку. 

Бициклизам. Мислам нема потреба да зборувам, фактот дека ретко има бренд на точаци кој не е со директен дистрибутер доволен е сам по себе. Има муабети и држи дека купуваат точаци за сликање и за паради и покажување до Средно Водно али не оспорно дека се возат сè повеќе и повеќе тоцаци и тоа се возат скапи точаци. Ако не се сложувате, секој викенд има МТБ тура некаде (роад бикериве се затворен круг нив по патиста ке ги видите, тие сакаат сами да си тераат :)), повелете и уверете се во масовноста. За Азот, Мариово, Галичица, Попова Шапка и останати Вело Тури да не правам муабет – прераснаја во фестивали, неколку дена дешавки. Секоја чест за секој инволвиран во ова дали како дел од организација или како обичен учесник. Ако во трчање не сме далеку од западот во бициклизам можам слободно да кажам дека сме многу блиску. Да не бидам погрешно сфатен, не зборам за култура на возење точак, тука се други фактори и во таа категорија споредби треба да се прават со Афричките земји.

Пливање. Ако нешто знам од спорт во државава тоа се базени и пливање. Години поминати во ватерполо и денови и денови на базен со чисто срце и совест можам да кажам дека вакви услови за пливање барем јас не памтам. Туш со топла вода, еееее, каде бе тоа пред 10 години, базен со стази обележан 27 степени вода сред зима, па се знаеше зима може да работи само малото корито во Олимписки базен и тоа на сопствен ризик. Али да не објаснувам и да не ја ширам. Два фукнционални базени, а и рекреативци колку сакаш. Да изработам тренинг како што треба или треба да фатам рано сабајле Олимписки во малото корито или после 10 навечер во Карпош, во секое друго време делиш стаза со уште двајца. 

Сето ова ме прави многу среќен, показател е на здрави навики и здрави луѓе. Се надевам дека само ќе се продолжи вака и ќе се надоградува.

Трчањето, Точакот и Пливањето се составни елементи на спортот кој го сакам, кој го тренирам и живеам, она што се нарекува Триатлон. А она што боли е тоа што спортовите внатре во Триатлонот и тоа како тие засебно растат, а триатлон кај нас не гледам никаде. Знам дека немаме врвни резултати ни во трчање ни во бициклизам ни во пливање ама не зборам ни за врвни резултати во триатлон, зборам за ентузијазам, хоби, за начин на жинеење.

И никако не сакам ова да биде сторија како државата не овозможува услови за тренинг и како сме таму кај што сме или пак дека Триатлонска федерација не прави ништо. Секако и овие си носат кривица, али си има државата овие денови многу поголеми проблеми од мојот триатлон, а Триатлонска Федерација и тоа малку ресурси што ги има (морам да признам крајно правилно) ги насочува во работа со млади кадри (а не ни очекувам дека ке се занимава со некој ко мене со на триесет и кусур години му текнало да се занимава со триатлон).

Некако стандарден муабет што многу често го слушам е тој како триатлонот е многу скап спорт и дека само богати луќе може да се бават со него. Па последично имаш „не е тоа за мене”. Далеку од тоа дека е ефтин спорт, ама како и секој друг спорт, скапо е колку што ке си направиш да биде. За некого трчањето е само патики од 50 евра и маица сто ја добил со учество на некоја трка а за некого е екскурзија и учество на маратони во некоја од светските метрополи со котизација од над 100 евра и све друго поврзано со тоа. Така и триатлонот, секако е убаво да возиш Три-бике, ама ако имаш желба не е страмота да возиш и тренираш со МТБ или алуминиумски роад бике (што е во цена со МТБ). Не мора да имаш три-одело, може да се почне и со обични купачи иста им е намената за тренинг. Копресијата убаво изгеда и во некоја мала мерка помага во резултатите во трчањето ама ако немаш 200 евра за компресија можеш и со шорц и маичка на трчање.

Ако тргнеме од нас малкумина (по мое знаење не повеке од 10 луѓе) што се бавиме со аметерски или популано наречен лонг дистанс триатлон, многу малку ако не и ништо не сме направиле за афирмација за овај спорт не сме успеале никако да го доближиме до другите луѓе, да ја споделиме нашата радост и страст. Тргајќи од себе во овие 3 и кусур години што активно се бавам со триатлон од сите дуатлони и триатлони во државава сум отишол само на еден. Што од страв, што од срам, али тоа не ме амнестира. На државно првенство може да се пријави секој и лично знам 20 луѓе што успешно би завршиле, можеби дистанцата не е атрактивна (спринт триатлон, 750 м. прливање, 20 км. точак, 5 км. трчање) али секако, глетката би била многу поубава ако на старт на државно првенство има 100 уцесници а не 15. Триатлонот треба само еднаш да го пробаш за да се заљубиш во него, али сепак треба да посакаш тоа еднаш да ти се деси. 

Мојот тренер знае многу често да каже, Триатлонот е витешки спорт, почнува во вода и после 2 саати скоро редовно се завршува со шпринт и рамо до рамо борба. И искрено многу често и витешки се чуствувам. Моите резултати се смешни за спомнување и многу небитни али тоа не го прави помал мојот труд и посветеност. Фактот дека да се биде триатлонец треба да се владеат сите три спорта, да се биде во најмала рака во секој од нив добар а барем во два одличен е доволен показател за дисциплината сто овај спорт ја бара. Бара континуирана, секојдневна работа и посветено, најмногу од све бара безусловна љубов кон спортот и мотив да се биде дел од нешто големо, нешто несекојдневно.

Секој респект за они кои се бават со трчање или бициклизам али треба да се осети како е да после пливање се качиш на точак и после точак почнуваш да трчаш во полн шпринт. Али точно тоа е и убавината на овај спорт, никогаш не е досадно, никогаш не е монотоно. Можноста да уживаш во водата, динамиката на точакот и истрајноста на трчањето го прават уживањето целосно а трката искуство што се носи во себе цел живот. Како што ние триатлонците многу често знаеме да кажеме, триатлонот е начин на живот.Сум завршил десетици маратони и полумаратони и со голема почит сум кон секој што го направил тоа независно со кое време завршил, али слободно можам да кажам дека завршувањето на триатлон е неспоредливо. Триатлонот се преживува, не се завршува. 

Да се вратам некако последично пак кон она, кој е крив. Навистина не знам, можда не е дојдено време, можда треба да помине некој период да лугето што трчаат посакаат да возат и точак па после да се мотивираат за триатлон и обратно за оние кои возат точак. Можда треба и државата да помогне со подобри услови, а Триатлонска Федерација со поголема афирмација. Можда ние што веќе сме во спортот треба да престаниме да бидеме себични и да споделиме што повеќе од нашиот свет со што повеќе луѓе. А можда најубаво е да остам да ти што ке стигнеш до крајов на овај текст си одговориш на прашањето, зошто ти не се занимаваш со Триатлон?