Хокеј, онака како што природата посакала

Хокеј на мали голчиња

Најмаалската форма на хокеј е и една најстарите познати облици на играта која се игра по замрзнати езерца и вирови, подлежи на локални „како ќе се договориш” правила, а се игра на што помали голчиња бидејќи ако го пукаш пакот со сета сила, нема да можеш да го најдеш поради отсуството на ограда. 

Понд хокеј или хокеј на замрзнато езерце, бара или било каква водена површина е една од најстарите форми на хокеј кој се имаат практикувано низ разни студени места во светот. Играта се има играно далеку пред преоѓањето на хокејот во затворените рингови, најчесто во северна Америка, Канада, но и на други места. 

Овој тип на зимска спортска активнос и во денешни услови се практикува во многу места низ светот, а најчесто е и првиот тип на хокеј со кој се сретнуваат децата по маалата на поголемите студени градови и малите северни градчиња и селца. 

Самата игра нема некои стриктни правила односно се игра по договор. Потребни се само лизгалки, стап за хокеј, пак и заштитен шлем. Потреба од дополнителна заштитна опрема не е задолжителна пред сè затоа што е отсутна заштитна ограда па затоа агресивните „бодичех” и други груби моменти од хокејот се забранети.

Големината на головите е најчесто минијатурна затоа што со ова се превенираат силни удари на пакот кој инаку би отишол далеку, па ќе треба да се бара, па затоа најважниот дел од играта се подавањата, тимската игра и стратегијата за да се постигне гол. Голмани најчесто нема т.е. како и во мал фудбал може да има голман-играч.

Постојат разни варијанти на играта, па понекогаш се користат клупи, столови или што и да е при рака за голови, а формирањето на рингот т.е. теренот е оставено на договор каде понкогаш може да се нацрта, да се постави околниот снег, или да се постават некои елементи за обележување. 

Порано во периодот на големата економска депресија во САД децата ја играле оваа игра со оскудна опрема како гранки или стапови од метла како хокеарски стап и лименка, мало парче дрво па дури и замрзната лепешка од крава како пак.

Денес во северна Америка постои и шампионат во понд хокеј каде се собираатогромна бројка на тимови.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија