Физиотерапија после артроскопија на колено
Артроскопија („arthroscopy – no problem surgery”) е ортопедска ,хируршка техника со која можат да се извршат повеќе зафати во зглобниот простор за донесување на дијагноза а воедно и соодветен третман на евентуална повреда.
Артроскопијата се изведува преку минимални резови –отвори преку кој се вметнува артроскопот и специјално дизајнирани инструменти со кој може да се обсервира и третира внатрешниот дел на коленото со помош на камерата прицврстена на истиот. Најголема примена оваа метода има при повредите на колено имајки предвид дека е најголем зглоб во човечкото тело.Овој мини инвазивен хируршки третман значително ги намалува оштетувањата и траумите на околните ткива за разлика од класичниот оперативен третман.
Артроскопијата се применува со цел да се диагностицира а воедно и третираат следните проблеми :
- Руптура на менискуси
- Руптура на предни и странични лигаменти.
- Отцепени р’скавични и коскени фрагменти
- Оштетена зглобна р’скавица
- Воспаление на синовијалната мембрана
- Нестабилност на пателата(чашка)
После операцијата е особено важно да се започне веднаш со физиотерапија за да може што побрзо да се вратите на своите секојдневни и спортски активности.
Физиотерапијата може да ви погне со:
- Намалување на болката и отокот
- Враќање на мобилноста на зглобот
- Враќање на мускулната снага
- Развој на проприорецепција и стабилноста во зглобот
Комплетно опоравување од овој третман и враќање на дневните активности се очекува за десетина дена додека за спортски активност после неколку седмици. Болката во постоперативниот период скоро и да нема или е минимална заради тоа што нема ни оперативни резови ,после зафатот остануваат едвај видливи лузни .Затоа е многу лесно веднаш и да се започне со физиотерапија после операција, соодветните вежби во овој период со оптоварување и вежби за враќање на мускулната снага и комплетниот обем на движење лесно можат да бидат прифатени од оперираните пациенти.
- Изокинетички тренинг после артроскопија
Преку соодветна и контролирана физиотерапија со посебно конструран изокинетички тренинг за зглобот на кој е изведена артроскопијата ,истиот брзо може да се врати во првобитната функција .
Во периодот од 4-7 постоперативен ден се спроведува следното
Continiuse passive motion (CPM) пасивно раздвижување на зглобот со определен степен на флексија
- Криотерапија и компресивен завој
- Електротерапија на квадрицепс
- Изометрички вежби
- Вежби за стабилизација и истегнување
Од 7-10 постоперативен ден :
Continiuse passive motion (CPM) пасивно раздвижување на зглобот со определен степен на флексија
Вежби со отпор и зголемување на мобилноста
од 10-17 постоперативен ден :
- Постигнување на максимална флексија и обем на движење
- Вежби со зголемен отпор
- Вежби за координација и јакнење
- Вежби за издржливост
- Тренинг за проприоцепција и рамнотежа