Добро, што е со рекордиве?

Набргу откако кинеското воено лице Мао Веидонг успеа да го прекрши стариот рекорд во држење на абдоминална штица („пленк”) доаѓа веста за младиот 17-годишен Ендру Шапиро кој успеа да направи 7306 подигања на вратило за 24 часа (за 18 поточно). Мотивацијата од неговиот татко кој е во борба со ракот на дебелото црево и упорноста на ова младо момче се за почит. 

Во подвигот наречен Relay for Life одржан во Феирфакс, САД, младиот Ендру Шапиро во еден ден успеа да сруши дури три светски рекорди во подигање на вратило – зборот од кој најчесто ви се темни кога ќе биде изустен од вашиот тренер.

Во ова маратонско изведување на оваа едноставна вежба 🙂 младиот Ендру успеа да направи 3515 подигања за 6 часа (светски рекорд), до 12 часа тој имаше бројка од 5742 со што повторно имаше подобра бројка од претходниот, а бидејќи дента му имаше тргнато прилично добро, Шапиро реши да оди и на 24 часа.

Веќе на 15 часа тој ја имаше бројката од 6800 подигања што ја имаше поставено Чехот Јан Карес во 2015 година, а Шапиро продолжи до 7306 за 18 часа по што престана.

Подвигот беше следен од 15 судии и несомнено дека ќе влезе во книгата на Гинисовите рекорди, а за информација, едно чисто подигање се смета она каде брадата ќе ја мине шипката.

Една од редовните тренинзи на младото момче била 10 повторувања на секоја минута во текот на 6 часа додека гледал Војна на Sвездите, Индијана Џоунс и други филмчиња, а мотивацијата за сето ова е дојдена од неговиот татко кој веќе 5 години е во борба со ракот на дебелото црево.

4000 долари беа собрани на овој настан а истите ќе одат како хуманитарни средтства за Американската Канцер Асоцијација.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија